Себ: Смртта на Бјанки и Хубер треба да е будење

Себастијан Фетел смета дека трагичната смрт на Антоан Хубер на спа Франкошамп мора да ги мотивира сите во моторспортот да продолжат да ја подобруваат безбедноста.

Моторспорт светот сеуште жали за младиот француски возач кој трагично загина во вториот круг на Формула 2 трката во Белгија, а Хуан Мануел Кореа, човекот со кој Хубер се судри, го очекува долг и макотрпен процес на опоравување и заздравување.

ФИА во моментов темелно го истраува инцидентот со цел да откри како да се подобри безбедноста во иднина за да се избегнат слични трагични инциденти.

Во 2015 година почина Жул Бјанки по период во кома поради повреди здобиени на главата по судар на Јапонското Гранд При во Сузука претходната година. Поради тоа Фетел смета дека сите во моторспортот треба да учат од овие грешки и да продолжуваат да притискаат за поголема безбедност.

колку што јас разбирам имаше верижна реакција на работи кои доведоа до несреќата, а потоа и смртта на хубер. до некој степен, моторспортот е опасен, а до некој е возбудлив, но секако последните години со смртта на жул и антоан треба да се разбудиме.

двата инциденти покажаа дека има работи, иако многумина мислат дека се е безбедно и здодевно, кои може да се подобрат и да станат побезбедни проади што работиме на тоа. повеќе би сакал здодевни формула 1 трки одошто инциденти и трагедии.

тоа што се случи можеше да биде и полошо и знам дека темелно ќе биде испитано што е вистинки начин за судари од ваков вид. очекувањата се да е извлечат заклучоци за да добиеме цела слика за сите елементи кои доведоа до инцидентот – посакува фетел.

Штом ФИА ја заврши истрагата за Формула 2 трката на Спа, Себ смета дека треба да бидат превземени сите неопходни работи за подобрување на безбедноста на легендарниот автодром.

јас сум голем обожавател на трките во спа, тоа е одлична патека со огромна историја и многу нависина посебни кривини, но по тоа што се случи треба внимателно да разгледаме и да превзмемеме мерки за инцидентот никогаш да не се повтори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ