Сезоната не е согласно очекувањата на Алфа Ромео

Кими Раиконен призна дека сезоната со Алфа Ромео до сега е под очекувањата, а швајцарскиот тим е единствено пред Вилијамс во поредокот.

Финецот донесе поени на конто на екипата на првите четири трки од сезоната, но во Барселона и Монако едноставно немаа шанси за топ 10.

патеката во монтреал би требало да ни одговара. да бидам искрен, до сега сезонава не оди се според планот. се надевам дека ќе ја оптимизираме работата со гумите и ќе го извадиме целосниот потенцијал од болидот. во моментов сме на 9то место во шампионатот, дефинитивно не онаму каде што сакавме да бидеме – објасни раиконен.

Слично на Кими и неговиот шеф, Фредерик Васур, смета дека патеката Жил Вилнев треба повеќе да одговара на квалитетите на Ц38 болидот, повеќе одошто последните две трки.

одиме во монтреал полни со самодоверба. карактеристиките на патеката треба да ни одговараат затоа што истите дозволуваат претекнување, нешто со што се мачевме на претходните две трки иако имавме добар ритам.

со секој следен викенд подобро го разбираме болидот и учиме како да извадиме повеќе од него, но безгрешни трки е многу тешко да се има.

средината од поредокот е многу густа и блиска, само пет поени е разликата од 5то до 9то мерсто во поредокот и секоја грешка скапо чини. знаеме дека можеме до добри поени во канада.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ