Сеидл бара ресетирање пред Сингапур

Андреас Сеидл побара од Мекалрен да се ресетираат во пресрет на Големата награда на Сингапур по двете тешки трки за тимот од почетокто на вториот дел од првенството.

Екипата од Вокинг загуби доста поени во Белгија и Италија поради проблеми на тие трки. Во Спа Саинз имаше проблеми со моторот на почетокот од трката, додека агрегатот на Норис откажа буквално на почетокот од последниот круг додека се возешен на 5то место.

На Монца Норис успеа да напредува од последниот ред и да стигне до поен, но Карлос се откажа додека беше на 7мо место поради непрописно наместено тркало за време на менувањето на гуми.

Рено освои 25 поени повеќе од Мекларен последните две трки, така што французите им се доближија на само 18 поени на седум трки пред крајот на првенството.

одиме во сингапур ресетирани и освежени по два тешки тркачки викенди во белгија и италија. тие трки покажаа колку е густа средианта од поредокот и дури и најмалиот проблем може многу да чини во однос на конструкторскиот поредок.

знаеме во кои области треба да се подобриме и да поработииме до крајот на сезоната и напорно го правиме тоа – објасни сеидл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ