Сеидл: Добра хемија е многу важна помеѓу тимските колеги

Новиот тимски шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, смета дека е важно што двајцата возачи Карлос Саинз и Ландо Норис имаат добра хемија и работат добро заедно.

Тој вели дека тоа е клучен дел од успехот на тимот во 2019 година, со кој нивната среќа се промени по неколку години на ужасни резултати.

Нашите возачи добро се сложуваат, се забавуваат заедно, што е важно. Сфаќаат дека не се работи само за натпреварот помеѓу нив двајца во моментов. Важно е да се притискаат еден со друг со цел да се подобрат индивидуално, но во исто време и како екипа.

Одлично се интегрираа во тимот. Се покажаа како многу отворени и пристапни.

Поради тоа ги потврдивме толку рано за 2020 година. Беше важно да има јасна слика во тимот, што ќе ни дозволи да се фокусираме на нашата суштинска работа, што е да станеме уште подобра екипа и да испорачаме побрз болид.

Сеидл исто така ги истакна и поединечните квалитети кои ги применуваат двајцата возачи за тимот да се пласира како “најдобар од останатите“ во пласманот годинава.

Техничките способности на Карлос се импресивни од самиот почеток. Тој јасно пренесува податоци и понуди одлична насока во однос на развојот. Дополнето со квалификациите, неговата способност како тркач и неговата позитивност, креираат возач кој е од голема вредност за тимот.

Исто така тој заврши многу добра работа преку зимскиот период, работејќи во симулаторот и на патеката.

За Ландо, ова можеби е негова деби сеона, но тој немаше проблем да се справи со притисокот во тркачкиот викенд од првата трка. Бев неверојатно импресиониран како се влезе во К3 во Мелбурн, а потоа покажа дека тоа не било само еден случаен настан.

Го има правилни пристап, на пример, кога дојде до неговите први стартови во средината, тој избегна гужва и инциденти. Имаше можност да ја подобри својата самодоверба, која сега ја прикажува со одлични стартови и први неколку кругови.

Навистина е импресивно како овие млади возачи менаџираат толку многу и со голема зрелост.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ