Сеидл: Леклер ги стави сите под ризик

Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл изјави дека Шарл Леклер ги ставил сите под ризик со неговото возење со оштетено предно крилоза време на почетната фаза од трката за Големата награда на Јапонија.

Тој имаше судар со Макс Верстапен и продолжи да вози уште неколку кругови бидејќи според него штетата не била доволно голема и не чувствувал губиток на перформанси. Од многуте разлетани делови едно завршило во делот за ладење на сопирачките кај Мекларен болидот на Ландо Норис.

Поради прегревање на сопирачките, возачот на Мекларен мораше да влезе порано во бокс, со тоа падна назад во поредокот и си ги уништи шансите за поени на Сузука. Сеидл не беше импресиониран од тоа.

комплетно не се согласуваме со тоа противниците да возат со делови што висат на болидите и со тоа да ја загрозуваат безбедноста на другите возачи.

Кога одлета страничниот дел од крилото, еден дел заврши во сопирачките на Норис. Подоцна температурата го помина лимитот и мораш да ги исчистиме. одтогаш неговата трка заврши, Тој се обиде да се врати, но не беше возможно да оди понапред – анализира Сеидл.

Леклер за ова доби казна од 10 секунди на гридот и падна од 6та на 7ма позиција на крајот од трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ