Сеидл нетрпелив да почне во Мекларен

Поранешниот шеф на Порше ЛМП1 програмата, Андреас Сеидл, официјално ќе ја превземе својата нова улога во Мекларен а 1 Мај.

Тој ќе ја превземе улогата Оперативен шеф на Формула 1 екипата гладен и “напален“ за новото работно место на кое ќе седне по пауза од неколку месеци откако уште во Декември од Вокинг потврдија дека ќе ја превземе улогата на Ерик Булие. Сепак, тој е присутен во тимот од трката во Бахреин, но во неофицијална улога.

Карлос Саинз имал средба со Андреас и е импресиониран од нетрпеливоста на германецот да почне да работи за екипата.

се сретнав со него на трката во бахреин и имав шанса да поразговарам и можам да кажам дека сум задоволен што го сторив тоа. видов дека е нетрпелив да стане дел од тимот, нешто што ми се допаѓа затоа што сакам луѓе кои едвај чекаат да почнат со работа. беше интересно да разговарам со него – објасни саинз.

По 5те години без пласман на подиум, Сеидл пристигнува во Вокинг за да ги подобри перформансите на екипата.

првиот впечаток кој ми го остави беше одличен. видов дека е подготвен и нетрпелив да почне да работи колку што може поскоро, но за жал има период на задолжително отсуство.

Доаѓањето на Сеидл следува по назначувањето на Џејмс Кеј за нов технички шеф на тимот, инженер кој дојде од Торо Росо и веќе почна да работи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ