Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, ги пофали Ландо Норис и Карлос Саинз за нивниот придонес во првата половина од сезоната.
Сеидл вели дека не може да посака подобри возачи од сегашните по импресивниот старт во 2019 година.
Саинз и Норис беа целосно нов тандем за Мекларен годинава по заминувањето на Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн, но набргу оставија свој белег со серија од импресивни резултати во 12 трки.
Мекларен се моментално на 4то место во пласманот, водат пред средината со 39 поени и веќе освоија повеќе од вкупниот број на поени од 2018 година.
Запрашан како би ги рангирал Норис и Саинз во сезоната, Сеидл се пошегува и вели дека би им дал на двајцата 9ка, бидејќи секогаш има нешто што може да се подобри, но потоа и навистина ги пофали нивните перформанси и влијанието во тимот.
Многу сум задоволен, да бидам искрен, со се што постигнаа годинава. Немаше многу грешки. Тие извлекоа перформанси во квалификациите, од трка до трка, имаа одлични стартови, одлични перформанси во трките.
Како што кажав претходно, работата која ја вршат со инженерите, нивните коментари во насоката и слабата страна на болидот, тоа ме импресионира.
Не би можел да посакам подобри двајца возачи во моментов.
Мекларен веќе ги потврдија Саинз и Норис за 2020 година, а со тоа се еден од само 2 тима кои ги потврдиле возачите.
Ние сме среќни што ги имаме овие двајца возачи на наша страна. Поради тоа и одлучивме толку рано да ги потврдиме за да се фокусираме кон следната сезона.
Навистина сме многу импресионирани со нивните перформанси, како работат со инженерите, со мене и со медиумите. Тоа е важен елемент за позитивен дух и атмосфера и морал кој го имаме во моментов, што е клучно за следниот чекор како екипа.
Мислам дека тие имаат одлична иднина со нас. Зависи од нас, од мене, да се осигураме дека ќе испорачаме одличен болид за нив во иднина и да им овозможиме да се борат со тимовите на челните позиции.