Сеидл: Сега е очигледно дека сме четврта најдобра екипа

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, вели дека последните неколку трки јасно потврдуваат дека нивниот болид е четврти најбрз на гридот.

Во Јапонија, благодарејќи на Карлос Саинз, Мекларен ја потврди позицијата “најдобри од останатите“, а екипата од Вокинг сега има предност од 34 поени пред Рено кои се на 5то место.

Полека, но сигурно, портокаловите ја земаат судбината во свои раце на четири трки до крајот од 2019 година.

Има многу позитивни впечатоци, продолжуваме да го подобруваме болидот и да го разбираме подобро. Среќен сум што го зголемивме водството пред нашите конкуренти и тоа го гледаме како тренд во последните три или четири трки, очигледно го имаме четвртиот најбрз болид.

Се е во наши раце да го освоиме четвртото место во пласманот што ќе биде одлично достигнување за тимот. Се наоѓаме во добра позиција.

Мислам дека постигнавме многу, заедно со менаџментот, ги променивме нештата. Морам да кажам дека со напредокот кој го постигнавме многу сум задоволен. Во исто време, сеуште не чека напорна работа, но добро е што имаме позитивен моментум и позитивна атмосфера.

Резултатите очигледно помагаат, но на крајот, единствено нешто што значи е следниот чекор наредната година.

Нашата цел е јасна, сакаме да направиме чекор напред и се надевам ќе скокнеме од сегашната позиција, што ќе биде одлично за нашата екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ