Сеидл: Тешко дека ќе се вклучат нови производители

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, вели дека е прилично тешко да се замисли дека ќе има нови производители во Формула 1, кои би инвестирале огромна сума на средства за да бидат успешни.

Ф1 цели кон проспективни тимови и производители на мотори, а Хонда е единтвениот кој се приклучил на спортот од В6 хибридната ера уште во 2014 година.

Недостаток на ресурси е главниот дел од планираните правила на Ф1 за 2021 година, но моторите нема да бидат поедноставени до степен до кој се сметаше.

Сеидл, кој работеше за Порше, пред да се приклучи на Мекларен годинава, смета дека техничките аспекти за новите правила за моторите ќе треба да го направат следниот чекор во хибридизација, но и во намалување на трошоци.

За да се биде атрактивен како спорт за да се приклучи производител, мислам дека е многу, многу важно да се осигурате да влезете во спортот со инвестиција која е возможно, а која би била помала од сега.

Ако сакате моментално да влезете во спорот, тогаш за инвестицијата за инфраструктура и буџетот кој ќе ви е потребен да стигнете до некое ниво, мора да бидете реални. Тешко е да се помисли дека некој би инверстирал толкава сума во моментов.

Поради тоа мислам дека моментално треба да ги задржиме правилата како што се, до 2021 година. Моментлно тие се стабилни и сите агрегати се поблиску еден до друг.

Мора едноставно да почекаме до следниот циклус на правила и да видиме како ќе се одвива автомобилската индустрија, да видиме дали има шанси да создадеме интерес за уште еден производител да се приклучи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ