Сеидл: Трошоците на тимовите се неодржливи

Новиот тимски шеф на Мекларен, Андреас Сеидл изјави дека трошоците на тимовите во Формула 1 се неодржливи и се надева дека тоа ќе се промени по 2021 година.

Сеидл претходно работеше во Формула 1 со БМВ и подоцна со ЛМП1 Порше тимот пред да дојде во Мекларен.

Тој доаѓа во Мекларен откако тимот имаше очајни неколку години а Мерцедес, Ферари и Ред БУл имаат предност пред сите.

Шефовите на Формула 1 и ФИА треба да ги промовираат новите правила а меѓу нив и ограничувањето на трошаците од 2021, а Сеидл верува дека тоа е потребно за спортот.

Јасно е дека има преголема разлика во овој момент помеѓу тимовите. Доколку погледнеме пред 10 години ќе видиме дека се потребни многу пари за да бидете конкурентни. Но како што кажав дијалогот е во тек и оптимист сум дека ќе има одлични промени. Оптимист сум дека може да бидеме поконкурентни од спортска и комерцијална страна.

Сеидл е последната промена во Мекларен во последните години и за него било лесна одлука да се приклучи на тимот.

Јас сум натпреварувач и тркач и јасно е дека сакам да сум во најдобрата категорија на спортот. Откако ми пријде Зак минатата година на Ле Ман зборувавме за можностите. Подоцна зборував со Зак и со акционерите. Ја гледам поделеноста и обврската да се инвестира во тимот за да се намали разликата со топ3 но сепак беше лесна одлука за мене за ваков одличен тим и одлична историја. Многу луѓе се прашуваат дали имам голем притисок врз мене и врз секој член на тимот за да бидам дел од Мекларен и за можноста дали може да се вратиме во предниот ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ