Сеидл ќе ги тера Мекларен на повеќе ризик

Новиот тимски шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, планира да го охрабри тимот да ризикува повеќе во обид да го намали заостанувањето кон водечките тимови.

Мекларен поминаа низ големи промени во последните години, а од скоро го ангажираа и поранешниот шеф на Порше, Сеидл.

Екипата моментално ужива во позитивен моментум со перформансите, а подобрување воведено во Шпанија ја подобрија формата на МЦЛ34 низ свиоците со средна и голема брзина.

Мекларен водеше во средината во Франција и Австрија и сега има предност од 20 поени пред Рено во борбата за 4то место во пласманот. Сеидл верува дека Мекларен мора да бидат храбри и да имаат експериментален пристап во дизајнот на болидот, покрај подобрување во други области.

Најважно за мене е да имаме постојан развој, да гледаме постојани подобрувања во фабриката и на патеката. Треба да посветиме време и да се осигураме дека ќе внимаваме на детали во однос на методи, алатки и се што користиме.

Тоа е основа за агресивен развој кој е ни е потребен, особено кога имаме ваква разлика. Мора да ја подобриме самодовербата во тимот.

Но, исто така мора да бидеме храбри и да носиме ризични или авантуристички одлуки за концептите. Тоа е нешто што тимови со повеќе искуство и самодоверба, како Мерцедес, може тоа да го прават. Важно е во категории како влегување во бокс, тркачката стратегија, да покажеме дека може да се бориме со големите, бидејќи јасно е дека има разлика во перформанси, а за тоа е потребно време.

Сеидл истакна дека Мекларен мора да бидат реални во своите амбиции, но е поттикнат од потенцијалот кој го гледа на патеакта откако ја превзеде новата позиција.

Сеуште сум дебитант во тимот, сеуште учам. Секако, ќе се обидам да придонесам со моето минато искуство. Јас сум позитивен во следните чекори. Сеуште не го извлекуваме целосниот потенцијал. Тоа е моја мисија во моментов.

Сеуште се обидувам да ги откријам сите слабости, како да се организираме во иднина, кои се дефицитите во инфраструктурата. Нема магија. Ќе биде потребно време. Тоа е важно и за болидот за следната година. Позитивни сме. Во исто време мора да бидеме реални.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ