Сензор ќе им даде предност на Мерцедес на тестот за Пирели

Мерцедес можеби ќе имаат предност пред ривалите на тестот во Абу Даби со паметна употреба на сензорите.

На дводневниот тест на Јас Марина, тимовите ќе имаат шанса да ги тестираат гумите за наредната година. Покрај ова тимовите ќе имаат можност да екпериментираат со нови делови, но сепак ќе мора да возат со стандарден болид без некои посебни додатоци со кои не се тркале до сега. Ова правило е за да се спречи користење на новата аеродинамика.

На тимовите ќе им биде дозволено да стават додатни сензори кои ги користат на тренинзите за да добијат дополнителни податоци.

Сепак Мерцедес превзеде дополнителен потег со ставање екстра сензори на болидот на Луис Хамилтон и со тоа ќе има повеќе податоци од тестот на Пирели. Сензорите ќе бидат наместени пред задното тркало и ќе треба да соберат податоци во однос на деформирањето на гумите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ