Се поизвесно е дека Реста се враќа во Маранело

Поранешниот дизајнер на Ферари, Симоне Реста, е се поблиску до враќање во екипата од Маранело.

Кон средина на минатата сезона тој направи трансфер во Алфа Ромео кои имаат огромна поддршка од Ферари и таму беше назначен за Технички директор на тимот.

Но, сезонава на Скудерија не е сјајна, така што по првите неколку трки почнаа шпекулациите дека Реста се враќа од каде што дошол.

ги проценуваме можностите на враќање на симоне во маранело во одреден период, но сеуште немаме решено – изјави матиа биното во мај по почетокот на шпекулациите.

Лео Турини, инсајдерот со големи врски во Маранело, на својот блог напиша дека Симоне се враќа во Ферари по крајот на летото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ