Се јави Хелмут Марко: Моравме да реагираме

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, призна дека бил присилен да го промовира Александер Албон во сениорската екипа по фантастичната деби сезона и лошите перформанси кои од почетокот на сезоната ги има Пјер Гасли.

Малкумина сметаа дека Гасли ќе биде на ниво на Верстапен од почетокот на годината, но никој не очекуваше да има многу голема разлика помеѓу нив. Макс донесе две победи за тимот сезонава и имаше одлични перформанси, напаѓајќи го 2то место на Валтери Ботас кај возачите и оставајќи ги возачите на Ферари зад себе.

Марко и Кристијан Хорнер изјавуваа дека немаат намера да менуваат возачи пред крајот на сезоната, но Хелмут сега изјави дека промената била неизбежна.

гасли има проблем да вози во гужва, губи позиции и не може да претекнува. поради тоа моравме да реагираме и да му дадеме на албон шанса до крајот на сезонава, а пјер д аго вратиме во торо росо. потоа ќе одлучиме кој следната година ќе вози крај макс – објасни доктор марко.

Запрашан да направи проценка на досегашниот дел од сезоната, Марко призна дека е изненаден од напредокот на нивниот партнер за мотори, јапонска Хонда.

направивме болид со малку потисна сила затоа што потценивме колку нашиот партнер за мотори може да напредува годинава. тие испорачаа повеќе моќ одошто ние се надевавме.

со малата потисна сила првично сакавме да компензираме за недостатокот на коњски сили со шасија која е аеродинамички ефикасна. го корегиравме тоа и на последните трки сме на ниво н амерцедес и дефинитивно подобри од ферари.

во вториот дел од сезоната дефинитивно ќе бидеме конкурентни на сите патеки – најави марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ