Силверстон повторно ќе добие нов асфалт

Домаќинот на Големата награда на Велика Британија, автодромот силверстон, и годинава ќе добие нов асфалт, како последица од откажувањето на ланската МотоГП трка предизвикано од преголемото количество вода на патеката.

Пред почетокот на минатата сезона, компанијата Aggregate Industries постави нов слоф асфалт на патеката, но поради силниот дожд кој падна за време на ланската мото трка,викендот беше откажан, а спроведена беше темелна истрага.

Motorsport пренесува дена превземени се нови работи за да патеката на добие А оценката од ФИМ и повторно да може да организира МотоГП трка оваа сезона. Поради многуте настани кои се организираат на автодромот во текот на сезоната, слободен термин за асфалтирање е закажан за Јуни, период кога на патекат нема никакви трки.

Тоа значи дека новиот асфалт ќе биде поставен пред Формула 1 тркачкиот викенд кој е на програмата од 10 до 12 Јуни, а по крајот на трката од ГТ серијата на 11 и 12 Мај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ