Силверстон ќе добие нов асфалт

Патеката Силверстон ќе добие нов асфалт во вредност од 5 милиони фунти во пресрет на трката во Велика Британија.

Ова е втор пат во последните две години патеката да добива нов асфалт пред Мото ГП трките, а минатата година мото трката беше откажана поради пресилен дожд и многу вода на патеката, за која главен виновник беше новиот асфалт и недоволните позиции за дренажа.

Возачите исто така не беа задоволни, а Луис Хамилтон смета дека работата била лошо завршена.

Луѓето не завршиле добра работа. Ова е најнерамната патека до сега – изјави тогаш луис.

Последните поправки ќе ги прави Тармак кој ќе започне со работа на 10 Јуни и треба да заврши 20 дена подоцна. Во текот на тие денови треба да се најде лек за проблемите. Извршниот директор на Силверстон изјави:

Откако се откажа Мото ГП трката, беше суспендирана лиценцата за нашата патека. Ние решивме да ја обновиме подлогата за да ја добиеме повторно лиценцата. Мораме да го направиме тоа за да го добиеме настанот.

Ја завршивме истрагата и знаеме што беше проблемот. Сега ги разгледавме опциите. Сигурни сме дека ќе сме подготвени и ќе имаме посилен асфалт за шест пати. Нема ризик за Формула 1 бидејќи патеката ќе биде подобра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ