Симондс смета дека Расел има шампионски талент

Поранешниот технички шеф на Вилијамс, Пет Симондс, тврди дека Џорџ Расел има талент еден ден да стане Формула 1 првак.

Британскиот дебитант е импресивен во Вилијамс сезонава и редовно е далеку пред својот многу искусен колега, Роберт Кубица, а беше и блиску до К2 на хунгароринг што е голем успех со толку бавен болид.

Поради своите одлични перформанси редовно е цел на пофалби од својот шеф, Клер Вилијамс, но и од првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, а овој пат кон убавите зборови се приклучи и Симондс. Запрашан да именува иден Формула 1 првак, тој одговори:

ќе ви дадам искрен одговор, го гледав џорџ расел во формула 2 и бев навистина силно импресиониран. сум го гледал да се трка фантастично во различни услови, кога води на чело на колоната и ја контролира трката, кога се пробива од позадина и “ги лови“ водечките, на суво време и по дожд, кога работите не одат како што сака и мислам дека на тоа момче треба да се внимава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ