Симоне Реста “рикверц“ во Маранело

Тоа што медиумите веќе подолго време го пишуваат, се оствари. Симоне Реста, техничкиот директор на Алфа Ромео, на крајот на овој месец ќе се врати кај својот претходен работодавец, Скудерија Ферари.

Симоне направи трансфер во Хинвил минатата сезона кога тимот се викаше Заубер, а самиот инженер беше важен дел во дизајнерскиот тим во Маранело. Во Алфа Ромео тој имаше многу поголеми одговорности, но со себе донесе и искуство од долгогодишна работа во најтрофејниот Формула 1 тим.

Алфа Ромео објавија дека Реста ќе замине од кај нив на крајот на Јули,а моменталниот главен аеродинамичар, Јан Мончу, ќе го превземе неговото место. Иако официјална потврда од Маранело сеуште нема, повеќе од јасно е дека Симоне ќе заврши во Ферари.

Правилата за задолжителното искуство наведуваат дека инженерот нема да смее да работи на Формула 1 проектот на компанијата година, но нема никаква пречка да се вклучи во автомобилскиот дел во Маранело.

Улогата која Реста ќе ја извршува е сеуште непознаница откако претходно беше главен координатор и главен дизајнер.

Структурната поставеност на Ферари е многу поразлична одошто додека Реста беше нивни член, а неговата позиција по заминувањето ја превземаа Фабио Монтечи, кој беше негов заменик. главниот аеродинамичар Давид Санчез и Енрико Кардиле кој порано беше одговорен за ГТ програмата на Скудерија.

Сегашниот шеф на Ферари, Матиа Биното, до лани беше технички директор на тимот по заминувањето на Џејмс Алисон во Мерцедес. Биното сеуште ја нема пополнето таа позиција, така што можно е Реста да остане на истата функција како во Алфа Ромео.

Во моментов главна поддшрка на Биното се Корадо Иоти како главен за моторите и главниот аеродинамичар Давид Санчез. На почетокот на шпекулациите околу враќањето на Рест во тимот, Матиа не криеше и изјави дека ја проценуваат таквата можност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ