Сингапур: Подарок победа за Хамилтон

Луис Хамилтон доби подарок, победа на Големата награда на Сингапур, што е негова 3та во градот-држава и вкупно јубилејна 60та во кариерата. Исто така, ова беше победа број 73 за Мерцедес и нивна 3та во Сингапур со што се изедначија со Ред Бул.

На второ место финишираше Ред Бул-от на Даниел Рикардо што беше 25ти подиум за него, а Валтери Ботас заврши на 3то место доаѓајќи до својот 18ти подиум.

Неполни 20-тина минути пред стартот на трката се навести прва дождлива трка во Сингапур поради што сите променија на интермедиа компонента, освен Хулкенберг, Алонсо и Вандон кои се решија да почнат на сините гуми за силен дожд.

Трката беше решена во првите десетина метри со луд старт на првите три болиди. Ветел немаше сјаен почеток и тргна во лево за да го затвори Верстапен, но Макс се бореше со Кими лево од себе. Прво финецот и холанѓанецот имаа контакт, а потоа Раиконен се суди и со својот тимски колега. Ова значеше продолжеток на тркат без Себ, Кими и Макс, а сударот остана да се истражи од страна на стјуардите по трката.

Себастијан Ветел до овој момент имаше 19 завршени трки во серија, а последната трка која не ја заврши беше Малезија во 2016 година.

Безбедносното возило ја поведе трката а зад него се наредија, Хамилтон, Рикардо, Хулкенберг, Перез и Ботас. Чеко во овие моменти беше на 4то место иако почна од 12то и имаше фантастичен напредок од 8 позиции. Безбедносното возило остана на патеката 5 кругови.

При повлекувањето на Безбедносото возило проблем имаше Валтери Ботас кој загуби позиција, слично како во Спа, овојпат не издржа пред нападите на Џулион Палмер, кој му го превзема 5то место.

Фернандо Алонсо издржа 9 кругови во трка откако мораше во гаража поради дефектот со кој се здоби како колатерлана штета од сударот Верстапен – Раиконен. Овојпат моторот на хонда не беше виновникот.

Истиот тој 9ти круг беше моментот кога Карлос Саинз го нападна и мина Серхио Перез и му го превзема 8то место на трката.

Во 11от круг Даниил Квјат влезе во поени откако го мина Кевин Магнусен за 10то место, но многу брзо потоа “утна“ една кривина и се најде во оградата. Ова значеше повторно Безбедносно возило кое остана на до 15от круг.

Безбедносното возило го искористија за промена на гуми Рикардо, Перез, Окон и Магнусен во 12от круг, а Хулкенберг, Палмер и Вандорн круг подоцна.

Кругот број 16 беше моментот на Кевин Магнусен кој во еден круг ги “нанижа“ Естебан Окон и Фелипе Маса и стигна до 11то место во тие моменти.

Во 25от круг Магнусен и Маса беа најхрабрите кои променија на гуми за суво време и веднаш почнаа со поставување на најбрзи кругови, во 29от круг тоа го сторија Рикардо, Ботас, Хулкенберг и Перез, а лидерот Хамилтон промени на “слик“ во 30от круг.

Карлос Саинз имаше феноменална трка и во 32от круг го мина Серхио Перез и му го превзеде 5то место, но 3 круга подоцна, повторно Безбедносно возило проади извртувањето и сударот на Маркус Ериксон.

Нико Хулкенберг го искористи Безбедносното возило за да влезе во бокс по нови гуми и понење на хидраулична течност во болидот. Но, ова беше краткорочно решение затоа што по 10 кругови германецот се откажа.

Безбедносното возило се повлече по 4 кругови, односно во кругот број 42, а до крајот на трката, односо во 50от круг се окажата и Кевин Магнусен поради проблеми со МГУ-К кинетичниот дел од Системот за повраток на енергијата во неговиот мотор.

Трката заврши поради одредениот временски лимит од 2 часа, а не поради бројот на извозени кругови.

Рикардо се бореше да го стигне Хамилтон по промената на гуми за суво, но не успеваше да се доближи, но од друга страна не ни беше соодветно нападнат од Валтери Ботас. Четврти заврши фантастичниот Карлос Саинз, а зад него Серхио Перез. Џулион Палмер имаше прв финиш во поени со своето 6то место денеска, пред Стофел Вандорн кој донесе одлично 7мо место за Мекларен. Ленс Строл освои 4 поени со 8то место, Роман Гросжан дојде до 2 поени за Хаас, а последниот поен беше за Естебан Окон.

Само уште Фелипе Маса и Паскал Верлејн дојдое до поени на трката.

Со овој триумф, Хамилтон го зголеми водството вогенералниот поредок на 28 поени пред Себстијан Ветел, а Ботас се доближи до германецот на 23 поени. Рикардо е на 4то место со 24 поени пред Кими Раиконен, а Макс Верстсапен и Серхио Перез се на делба на 6то место со по 68 поени.

Мерцедес е многу напред кај конструкторите и има предност од 102 поени, додека Ред Бул намали на 143 поени зад Ферари. Вилијамс се на 5то место со 7 поени пред Торо Росо, кои пак се 10 пред Рено.

[table id=31 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ