Сингапур, Т1: Верстапен и Фетел пред сите

Макс Верстапен од Ред Бул и Себастијан Фетел од Ферари беа далеку пред сите за време на воведните 90 минути кружење околу Марина Беј. Времето на младиот холанѓанец беше само 17 стотинки побрзо од она на германецот од Скудерија.

Следуваа Мерцедес, но Хамилтон заостана околу 7 десетинки, а Ботас беше повеќе од секунда зад најбрзото време. Александер Албон беше 5ти со 1,2 секунди зад својот првопласиран колега.

Следуваше Нико Хулкенберг од Рено пред двата болиди на Мекларен, Саинз пред Норис за 2 десетинки, а исто толку зад Хулк. Даниил Квјат и Пјер Гасли последни во топ 10, но со заостаток поголем од 2 секунди.

Валтери Ботас заврши во ограда при крајот на сесијата, а Леклер имаше лошо време и малку кругови поради проблеми со менувачот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ