Сингапур, Т2: Хамилтон и Верстапен недостижни

Луис Хамилтон и Макс Верстапен беа недостижни за конкуренцијата на втората петочна тренинг сесија во Сингапур и единствени кои вртеа круг по Марина Беј побрзо од 1 минута и 39 секунди. Сепак, времето на Луис беше 18 стотинки побрзо од она на Макс.

Себастијан Фетел на Ферари постави 3то време, но заостана 8 десетинки, а четвртопласираниот Ботас веќе беше 1,1 секунди назад. Следуваше Албон со само половина стотинка побавно време од Мерцедесот пред себе, а зад него се пласираше Шарл Леклер.

Карлос Саинз најдобар од останатите пред Нико Хулкенберг кој постави за само 3 стотинки подобро време од Ландо Норис. Во најбрзите 10 влезе уште и Пјер Гасли, а зад него беше Даниил Квјат.

Роберт Кубица имаше најбавно време и единствено со поголем заостаток од 3 секунди.

Ландо Норис од Вилијамс, Антонио Џовинаци од Алфа Ромео и Џорџ Расел од Вилијамс беа најактивни со по 35 комплетирани кругови, додека најмалце, само 26 обиколки имаше Роман Гросжан.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ