Сингапур: Ферари за историјата, прва 1-2 победа на екипа во Сингапур

По пауза од точно 392 денови, односно од ланското Белгиско Гранд При, Себастијан Фетел стигна да победи за Скудерија Ферари за негов 5ти триумф на Марина Беј. Германецот нема победа при старт од 3то место во својата кариера, а Ферари за прв пат по 2008 година има три последователни победи. За историјата е и фактот што Ферари се прва екипа со 1-2 победа во Сингапур по трка со дури три безбедносни возила.

За максимални поени на италијанците се погрижи и Шарл Леклер кој беше минат од својот колега во боксот и мораше да се задоволи со 2ро место, а Макс Верстапен финишираше на најниското место на подиумот. По подолго време нема возач на Мерцедес на подиум, Хамилтон беше 4ти, а Ботас зад него, додека првата шесторка ја заокружи Александер Албон.

Во пресрет на стартот единствено Пјер Гасли беше на хард компонентата, нешто што му помогна да фиишира на 8мо место и да донесе 4 поени за себе и тимот.

Логично беше да има контакт на стартот од трката затоа што 20 болиди требаше да минат низ претесните први неколку кривини, Карлос Саинз имаше контакт со Нико Хулкенберг, германецот немаше оштетување кое многу го забави, но влезе во бокс и промени гуми и нос за фиши на 9то место на крајот. Среќа немаше Саинз кој со дупната гума едвај се довлечка до боксот, долго време беше последен, а на крајот од поен го делеа само две позиции.

Контакт имаше и на крајот од поредокот каде Даниел Рикардо беше од внатрешна страна на кривина и имаше контакт со Џорџ Расел. Австралијанецот влезе во бокс, се мачеше цела трка, многу се обидуваше и претекнуваше, но не стигна до поени.

До 10от круг Рикардо напредуваше и дојде до 12то место, а веќе во 19от круг влезе во поени и беше 10ти.

Серијата менувања гуми почна во 19от круг кога од софт на хард преминаа Макс Верстапен и Себастијан фетел, а следниот круг истото го направи и Шарл Леклер, но тој круг повеќе го чинеше позиција затоа што токму тука излезе зад колегата и ја загуби трката.

Мерцедес “зезнаа“ со промената на гуми, Ботас влезе во 23от круг и излезе многу поназад од конкуренцијата, а Хамилтон возеше дури 26 кругови со првите гуми и излезе единствено пред својот колега од водечките.

Тој 26ти круг водството го превзема Антониот Џовинаци кој дури 6 кругови водеше со својата Алфа Ромео на радост на шефот Фредерик Васур. На крајот италијанецот втора трка по ред финишира во поени, овој пат до 10то место и нов поен за екипата.

Кругот број 34 беше несреќен за Рикардо кој преоптимистички се обиде да го мине Џовинаци за 7мо место, имаа контакт од кој Даниел го извлече подебелиот крај и мораше во бокс по нови гуми.

Првото безбедносно возило се појави во 35от круг по дуелот Џорџ Расел и Роман Гросжан. Возачот на Хаас многу нерезонски се обиде да го мине Вилијамс со контакт по задното тркало и логично е што Расел заврши во огрда. Ова безбдносно возило беше на патеката 5 кругови, а причина беше прво откажување од трка на болид на Вилијамс оваа година.

Се возеше само 3 кругови пред ново безбедносно возило кога Серхио Перез го паркираше својот Рејсинг Поинт крај патеката откако очигледно беше дека имаше механички проблем и лазеше по Марина Беј.

По четири кругови повторно трка, но таа повторно траеше три кругови кога Квјат преоптимистички сакаше да го мине Кими и ја уништи трката на финецот.

Како што рековме прв 1-2 за екипа на Марина Беј, триумфални беа Ферари, а Ред Бул иако беа песимисти пред почетокот на трката, сепак успејаа да се пласираат пред Мерцедес. Најдобар од останатите повторно одличниот Ландо Норис пред Пјер Гасли, Нико Хулкенберг и Џовинаци од Алфа Ромео.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ