Синот на Вајтинг ќе го означи стартот во Британија

ФИА го повика синот на починатиот директор за трка, Чарли Вајтинг, да го притисне копчето кое ќе го вклучи зеленото светло за старт на трката во Британија.

Ова доаѓа како дел од искажувањето на почит кон Вајтинг кој ги стартуваше трките 23 години. По неочекуваната смрт во Март, неговата работа во однос на означување на стартот ја превзема Кристијан Брил. Оваа недела Брил ќе биде придружуван од синот на Вајтинг.

Во четвртокот во Силверстон се одржа комеморација за Вајтинг со присуство на неговата жена и ќерка, Рос Браун, Жан Тод и Себастијан Фетел.

Во името на сите Формула 1 возачи можеме конечно да кажеме дека тој беше наш директор, вистински тркач, наш заштитник и пријател – изјави Фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ