Сироткин демантира дека Вилијамс го “шутнале“

Сергеј Сироткин изјави дека го напуштил Вилијамс на крајот од минатата година по вземен договор со тимот од Гроув.

Славната британска екипа се мачеше минатата година кога Сироткин возеше за нив во тандем со Ленс Строл, возачите се сменија, но кризата се продлабочи.

23-годишниот русин сезонава е тест и развоен возач на Рено, а французите му го доверија тестот со 18-инчните тркала на Пирели. Тој изјави дека со задоволство би го заменил Роберт Кубица и би се вратил на тркањето.

сакам да кажам дека никој не се обиде да сеослободи од мене туку беше постигната взаемна одлука – изјави сироткин за руската државна телевизија RT.

Први кои излегоа со изјава тогап беа СМП Рејсинг, тркачкиот дел од познатата руска финансиска институција.

направивме проценка на сезоната и разбравме каде беа грешките и каде требаше да се оди следно. поради тоа, за целиот проект донесовме најдобро решение.

сепак, јас сум спортист и сакам да се наптрреварувам и тркам против најдобрите во светот дури и ако тоа значи возење на најбавен болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ