Сироткин доби Формула Е тест со Махиндра

Формула Е тимот на Махиндра потврди дека поранешниот Формула 1 возач, Сергеј Сироткин, ќе тестира за нив на јануарскиот сезонски тест по трката во марокански Маракеш.

23-годишниот русин има веќе закажани два тестови, така што возење на електричниот болид ќе биде трети тест за него. Минатата година тој се тркаше за Вилијамс, но нема да продолжи да работи за нив и годинава откако британците се решија за целосно нов тандем на возачи. Пред да вози за екипата од Гроув, тој тестираше за Рено и Заубер, но и се тркаше и во ГП2 серијата каде на два пати финишираше на вице-шампионското место.

формула 1 е една од сериите со најголем раст, а конкуренцијата е на врвно ниво. се повеќе производители влегуваат во спортот затоа што се убедени дека електричните возила се иднината, се појавуваат повеќ етејнички решенија и напредокот е рапиден.

возев формула е болид во 2016 година, но денеска се променети и ќе биде интересно да се види разликата. нетрпелив сум за новото искуство со махиндра – најави сироткин.

Тестот по трката во Мароко ќе се одржи на 13 Јануари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ