Сироткин е нов резервен возач на Мекларен

Поранешниот возач на Вилијамс и резервист во Рено, русинот Сергеј Сироткин, е нов резервен возач на тимот на Мекларен.

Овој потег беше објавен утрово од страна на Мекларен кога тие објавија дека добиле согласност од Рено да имаат пристап до неговите услуги доколку Карлос Саинз и Ландо Норис не се во можност да возат. Како резултат на тоа, Сироткин ќе биде присутен на секоја трка до крајот на сезоната и ќе биде достапен за двата тима како резервен возач.

Ова е најбрза одлука за Мекларен во 2019 година. Сергеј е познат возач и ги има потребните поени на суперлиценцата и за него се договоривме со Рено – открија од вокинг.

Сироткин изјави дека е благодарен на можноста од Мекларен.

Мекларен е легендарен тим и среќен сум што ја имам можноста да работам со нив да бидам дел од нивната историја и да видам како функционира нивниот тим и нивните возачи. Благодарен сум на СМП Рејсинг и Рено за нивната подршка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ