Сопирачки

Техничка Регулатива

Формула 1 болидите мора да користат еден систем за сопирање преку единечна педала за сопирање.

Системот мора да биде составен од 2 хидраулични подсистеми – еден за предните и еден за задните тркала. Доколку еден од овие откаже, вториот мора да биде функционален.

АБС сопирачки се забранети – притисокот над сопирачките мора да биде контролиран само од страна на возачот без помошни средства.

Единствен исклучок е електронскиот систем за контрола на задните сопирачки, кој пак тимовите го користат за да го компензираат ефектот од ЕРС системот на задната осовина.

Секое тркало не смее да има повеќе од еден диск со максимален дијаметар од 278 милиметри и дебелина од 32 милиметри. Секој диск мора да има само 1 алуминиумски калипер, со максимум 6 кружни клипови и не повеќе од 2 плочки.

Големината на отворите за ладење е строго контролирана и не смее да преминува над тркалата. Употребата на течност за ладење на сопирачките е забранета.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ