Со планираните новини, Алфа се надева да го стигне Мекларен

Шефот на Алфа ромео, Фредерик Васур, се надева дека со новните планирани за следните неколку трки, швајцарската екипа ќе доје блиску до Мекларен кој во моментов се најдобри од останатите тимови.

На последната трка на Ред Бул ринг Алфа заврши со два болиди во поени, прв двоен топ 10 финиш за тимот сезонава, а Раиконен и Џовинаци стигнаа до К3 на квалификациите и се пласираа на 9то односно 10то место единствено зад топ 3 тимови и Мекларен.

мислам дека направивме одличен напредок последните 2-3 трки. го подобруваме ритамот и почнуваме да се доближуваме до мекларен што е наша цел.

ако ги погледнете последните неколку трки тие се пред нас, но пристигнуваат добри новини на нашиот болид и секако ќе напредуваме и ќе можеме дасе бориме со нив на следните трки.

најавивме голем пакет за силверстон, а новини ќе има и во германија и унгарија, но мораме да сме свесни дека сите притискаат силно и сите ќе носат новини – свесен е васур.

Фред е задоволен што неговиот возач, Антонио џовинаци се подобрува по тешкиот почеток на сезоната.

антонио исто така освои поени за нас и тоа е одлично за екипата. му требаа поени затоа што последните неколку трки беше силен на квалификации и беше на ниво на кими. во исто време трките му беа тешки и беше многу важно за неговата самодоверба да дојде до поени. барем нема повеќе да е во прашалници околу тоа кога ќе дојде до поени. имаше одличен ритам и силна трка и направи одличен чекор.

имавме два болиди на одлично место на стартот и секако дека цел беше двојни поени. пред трката бевме свесни дека тешко ќе го задржиме себастијан фетел зад нас, дури и пјер гасли.

имавме топ 6 болиди пред нас, плус двата болиди на мекларен и мислам дека извадивме максимум. да видиме како ќе биде на следната трка.

Тој исто така потврди дека бил презадоволен што Раиконен се возел дури на 4то место на почетокот од трката иако тоа што се трудел да одржи ритам со водечките можеби му уинштило дел од пласманот.

имаше одличен старт, но можеби беше преголем оптимист во првите неколку кругови. бевме на софт и моравме да избегнуваме оштетување на гумите, но ја разбираме неговата ситуација и желба да се носи со водчките. тоа беше добро за него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ