Според Верстапен, има и други возачи способни колку Хамилтон

Макс Верстапен има голема почит кон постигнувањата на Луис Хамилтон во Формула 1, но холанѓанецот верува дека има и други возачи на гридот кои се исто толку добри колку и петкратниот шампион.

Верстапен ја заврши првата половина од 2019 година како единствен возач кој ја предизвика супериорноста на Мерцедес, со победите во Австрија и Германија.

Не сум фокусиран само на Луис. Има и други одлични возачи во падокот кои може да постигнат исти или слични резултати. Гледајќи на моменталниот грид, мислам дека има тројца или четворица со исти способности.

За жал, Верстапен одби да ги именува тие возачи. Никој не може да го негира неверојатниот талент на возачот на Мерцедес, како и неверојтниот рекорд од 81 победа како Гранд При возач. Но сепак, возачот на Ред Бул инсистира дека успехот на неговиот ривал се должи на квалитетот на опремата изработена од Мерцедес во последните неколку сезони.

Целосно зависи од болидот.

Мислам дека исто така тој немаше притисок од тимски колега во последните неколку години. Тој требаше да ја освои титулата и во 2016 година, доколку немаше откажувања поради моторот.

По летната пауза имаше неколку лоши стартови по кои го загуби првото место, но тој реално никогаш немаше притисок од тимскиот колега.

Нико Розберг, кој го победи Хамилтон за титулата во 2016 година, најверојатно не би се согласил со коментарите на Макс. Сепак, таткото на возачот на Ред Бул, Јос, е убеден дека перформансите на неговиот син ги пореметиле сметките на Хамилтон.

Тоа се гледа по нештата кои ги кажува Хамилтон. Зошто би одговарал на шпекулации? Тој сега вели дека моторот на Хонда е подобар од Мерцедес, но не верувам дека тоа е случајот и на правците.

Ако погледнете какви трки имаше Макс, не може да бидете изненадени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ