Спорот Уралкали и Форс Индија конечно пред суд

Правниот процес помеѓу руската компанија Уралкали и Форс Индија ќе започне кон крајот на наредната година.

Минатото лето, Дмитри Мазепин, еден од челниците на Уралкали, сакаше да го превземе тимот на Форс Индија од стечајните управители. Неговиот син Никита Мазепин во истиот период беше тест возач на тимот.

Уралкали верува дека дале поголема понуда од конзорциумот предводен од сегашниот сопственик Лоренс Строл, кој успеа да го купи тимот и го спаси од пропаѓање. Русите започнаа судски процес против стечајните управници. Во објавата до медиумите Уралкали напишаа:

По сослушувањето на засегнатите страни се продолжува кон судски процес кој треба да се случи во октомври и декември 2020 година. Пред судењето, двете страни ќе треба да покажат документи поврзани со процесот на наддавањето, а првиот контакт ќе биде во април 2020 година.

Претходно два околни суда во Америка одлучија да ги соберат членовите на конзорциумот кои живеат во Америка и тоа ќе им помогне на Уралкали пред Високиот Суд во Лондон.

Стечајните управители секако дека сметаат оди обвинувањата се неточни.

Ги исполнивме сите барања како управители во текот на процесот со успешен исход. Остануваме уверени дека сме постапиле според законите.

Уралкали објавија дека дале поголема понуда за купување на Формула 1 тимот и тоа помеѓу 101,5 милиони и 122 милиони фунти.

И покрај огромната понуда ние веруваме дека таа беше најдобра, но сепак управителит ја одбија.

Ние сме загрижени за целиот процес на наддавањето бидејќи Уралкали нема начин да се жали освен да оди на суд.

остануваме посветени на нашите барања пред Високиот Суд. Компанијата верува дека по плаќањето на долговите на тимот ќе останеле 40 милиони фунти за акционерите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ