Спорт Песа собира пари за борба против ракот на дојка

Главниот спонзор на Рејсинг Поинт, компанијата за обложување Спорт Песа, почна иницијатива која ќе ја спроведува на Гранд При трките со поддршка на Формула 1 тимовите за да собере повеќе од 250 илјади фунти за помош на добротворна организација за борба против ракот на дојката.

Спорт Песа ќе донира по илјада фунти на Breast Cancer Care за секоја позиција која Серхио Перез и Ленс Строл ќе ја добијат во однос на квалификациската позиција до крајот на сезоната.

Иницијативата наречена SportPesa Grid That Gives е само продолжување на она што претходно го поддржувала компанијата, а во минатото и Форс Индија поддржуваше борба против ракот на дојката.

Веќе се собрани 212 илјади фунти, а компанијата ќе донира барем уште 50 со новата иницијатива. Горен лимит на донирање нема да има, така што во компанијата се надеваат дека возачите ќе напредуваат многу позиции.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ