Стаинер бара да нема казни кога стјуардите не се сигурни

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека ставот 50/50 на стјуардите околу потенцијална казна едноставно треба да престане.

Казната од 5 секунди која беше доделена на Себастијан Фетел во Канада започна голема контроверзија помеѓу фановите и моторспорт светот, а Ферари бараат преглед на одлуката на стјуардите.

Како коментар на настаните во Монтреал, Стаинер сугерира дека кога некој маневар е тежок да се дефинира од стјуардите, истиот треба да биде игнориран, што за возврат ќе спречи долги жалби и бескорисни прегледи.

Кога носите одлука и кога не знаете што да правите бидејќи е поделено 50/50, тие не треба да даваат казна, бидејќи Мерцедес не може да бара казна. Тоа не е во правилата.

Ако не се даде казна, тогаш не може да барате казна за некого. За да се избегне ова, 50/50, едноставно не треба да постојат. Може да започнете процес кој никогаш нема да заврши, секогаш ќе има оправдување и тоа е сага која никогаш нема да заврши.

Стаинер појасни дека според него, инцидентот помеѓу Фетел и Хамилтон во Монтреал бил целосно 50/50 и го означи како “вистинско тркање“.

Како го гледам, тоа беше 50/50 и можеше да се одлучи во двете насоки. Ако е 50/50, јас не би дал казна. Дали е против нас или за нас, не треба премногу да регулираме. Ако е 50/50, игнорирајте го.

Тоа треба да биде јасна одлука според мене. Ако е 60/40, повторно е премногу блиску. Но тоа беше 50/50 според мене и беше вистинско тркање.

Ако сакаме да го убиеме тркањето, ако треба да имаме симулација пред трката и да ја одлучиме трката, ова мора да престане. Нема вредност во ова.

За мене беше вистинско тркање, беше кул и на крајот, тој доби казна и мора да се справи со тоа, јас немам директно мислење фала му на бога.

Дали може да имаме правило кое вели дека ако е 50/50, нема да доделуваме казна? Тоа би можело да биде едно од правилата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ