Стаинер: Ме “убива“ тоа што се мачиме

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека справувањето со постојаните потешкотии во трка за неговиот тим, ментално го “убива“.

Американската екипа има проблеми болидот да ги користи пневматиците во оптимален прозор, а во Италија го имаше третиот последователен финиш надвор од поени.

Неможноста да се справат со пневматиците за Магнусен и Гросжан да напредуваат во трките е нешто што Стаинер тешко го прифаќа.

Моментално тоа е нашиот проблем. Ќе се обидеме да најдеме решение што побргу. Мислам дека го разбираме проблемот, но не знам дали ќе има решение годинава.

Но вакви трки, ве убиваат. Сите знаат колку сакам да се тркам, а ова е нешто поинакво. Имате нови пневматици, работат добро два круга и потоа не функционираат воопшто.

Секогаш поради мали нешто имаме проблеми. Формата не паѓа за една или две десетинки, паѓа скоро цела секунда. Не знам каде сме. Температурата на патеката влијае многу.

Од пред две или три трки знаеме каде сме. Промената од спецификација од Мелбурн ни помогна многу. Таа од Мелбурн е добра како оваа сега. Знаеме тоа што значи: не сме направиле никаков напредок, сите други напреднаа.

Во првата година со новите регулативи мора да напредувате, а ние не го сторивме тоа. Поради тоа болидот беше добар во тестовите, а од Мелбурн стоиме во место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ