Стаинер најавува: Можеби треба да се фокусираме на следниот болид

Првиот човек н Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека е паметно тимот да се сконцентрира на дизајнирање на болидот за следната година откако не успеваат да ги пронајдат и решат овогодинешните проблеми.

Цела сезона американците ги криват гумите на Пирели за своите лоши перформанси и се мачат на сите до сега извозени трки. Во Франција Стаинер најави дека викендот е најлош за тимот во историјата.

на првата трка бевме доволно добри за 6то или за 7мо место, а викендов почнавме од 15то и од 16то место. не ме прашувајте што се случува, не знам и немам одговор за тоа, но мораме да го најдеме проблемот.

мораме да излеземе од оваа ситуација, но депримирани сме, иако тоа не значи дека сме се откажале. ние никогаш нема да се откажеме.

мораме да минеме преку овие негативни емоции и да продолжиме да работиме напорно, тоа е тоа што јас им го кажувам на сите во екипата – откри гунтер.

Италијанецот е свесен дека прв чекор во отстранување на проблемот е наоѓање на причината за очајно слабиот ритам.

не можеме да ја идентификуваме причината и поради тоа е невозожно да работиме на наоѓање на соодветно решение. поради тоа можеби е подобро веднаш да се насоичиме на новиот болид за следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ