Стаинер: Недостатокот на брзина на правците не уништи

Гунтер Стаинер откри дека недостатокот на максимална брзина на правците било кобно за тимот на Хаас во Белгија откако Роман Гросжан и Кевин Магнусен финишираа надвор од поени.

Французинот беше на 6то место на почетокот од трката, а по менувањето гуми падна зад Даниел Рикард од Рено и не успеа да го мине затоа што нивото на потисна сила не дозволуваше соодветно загревање на гумите и максимална брзина. Во проедокот паѓаше и Кевин Магнусен откако доцна промени гуми, а на првиот сет беше многу бавен, така што коцкањето не му се исплатеше.

Стаинер смета дека имале потенцијал за поени поради што е разочаран од резултатот и дополнителниот заостаток во конструкторскиот поредок.

јасно е дека сум разочаран од крајниот резултат и пласманот на возачите. роман гросжан не можеше никако да го мине даниел рикардо поради тоа што му недостасуваше брзиа на правците.

сите не претекнуваа, заглавивме зад рикардо кој беше бавен, а во исто време не можевме да се бориме со оние зад нас. единственото место да се мине беше 5та кривина, но за тоа ни треба брзина на правецот која ја немавме. освен тоа болидот не беше лош, но не беше нити доволно добар.

мораме уште да работиме. мислам дека можеме да се доближиме до онаму каде сакаме да бидеме, само да продолжиме да работиме. сите вршат одлична работа и мораме да се бориме, навикнати сме на тоа – појасни стаинер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ