Стаинер: Нема краток пат до решавање на проблемите

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, повторно е во забуна по уште еден фрустрирачки викенд за екипата, овој пат на Големата награда на Јапонија.

Тимот повторно имаше проблеми со перформансите и покрај ветувачките квалификации за Гросжан, кој се пласираше во К3, но во трката и двајцата имаа проблеми со формата, а Гросжан падна на 15то место, додека Кевин Магнусен успеа да стигне само до 17то место.

Се е исто. Сега знаеме дека ги имаме овие проблеми и не е добро, но се случуваат. Пристигнуваме на трката знаејќи дека ќе имаме проблеми бидејќи немаме оптимална температура, потоа имаме сини знамиња, пневматиците се ладат и паѓаме наназад.

Звучи едноставно да се нема решение, но тоа се случува во моментов. Дури и да се квалификуваме солидно, не успеваме да ја задржиме формата во трка. Не успеваме да ја задржиме температурата во пневматиците.

Запрашан дали смета дека е можно брзо решение, Стаинер го истакна следното:

Не на краток рок. Знаеме каде сме и зошто сме во оваа позиција, но да се најде решение е друг проблем и не знам дали годинава ќе успееме. Има само уште 4 трки до крајот, но можеби ќе имаме една добра.

Не можам да ви кажам дека ќе имаме подобрување на следната трка кое ќе го реши проблемот, едноставно мора да се осигураме дека нема да се случи повторно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ