Стаинер нема повеќе да “се оправа“ со стјуардите

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, изјави дека повеќе не сака да троши време на формални жалби кон стјуардите на ФИА кои според него не се на висина на задачата.

За време на квалификациите во Монако, Роман Гросжан беше блокиран од Пјер Гасли, нешто што возачот на Хаас го чинеше место во К3, а Гасли доби казна од три позиции на стартот. Стаинер потврди дека иста таква казна добил и Гросжан кога го блоирал Ландо Норис во Бахреин, но потегот на Роман не го чинел ништо возачот на Мекларен.

нема потреба во расправање затоа што ионака никој ништо не превзема. што да правам? колку пати да давам изјави? звучам како расипана плоча.

некои стјуарди едноставно речено не се на висина на задачата, не се дораснати на работата. не можам повеќе да губам време затоа што пишувањето писма ионака не ми донесе ништо – откри гросжан.

Италијанецот едноставно прифаќа дека стјуардите не ги земаат условите во предвид и поради тоа има неконстантност во одлуките.

некои стјуарди треба повеќе време да ги читаат правилата. не може да му дадат на роман еден поен казна во бахреин каде тој беше на погрешно место во погрешно време, но тие сметале дека казна мора да има.

не знам кој не е во право, но мора да се решат. не може да има толку слични казни за два целосно различни настани и различни услови кои донеле различни последици. дури и слеп човек може да го види тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ