Стаинер: Не може полошо од ова

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, верува дека за неговата екипа не може да стане полошо одошто е во моментов оваа тркачка сезона.

Американците имаат 4ти најбрз болид на гридот, но до сега не го покажаа тоа откако мака мачат со гумите на Пирели кои никако не може да ги донесат на оптимално ниво. Со проблемите, тимот во моментов е на 8мо мест во кострукторите, единствено пред Алфа Ромео и Вилијамс, но Стаинер не губи надеж.

ова мора да престане. нема потреба повеќе да се вознмируваме одошто во моментов. не би рекол дека су депримиран, но ова мора да престане, мора да почнеме со нагорен тренд затоа што удолу повеќе не може. се надевам дека лошава форма ќе мине што побрзо – изјави гунтер.

Помалиот гумен слој на овогодишните пневматици донесе главоболка за сите екипи освен Мерцедес, но се чини дека Хаас најмногу се мачат.

кај нас гумтие се толку неконстантни што мислам дека сме најлоши в тој поглед. болидот е брз на една трка, но на следната сме за никаде. кога сме добри мислиме дека сме ги решиле проблемите, но потоа се враќаме во реалностра. сезонава е вистински ролеркостер за нас.

погледнете го монте карло, на квалификациите бевме сам одве десетинки од ферари, а во канада не знам колку секунди зад нив. не може да е до болидот, мора да се гумите. ферари немаше лош болид во монте карло, можеби и тие не погодија со гумите како ние.

тоа што се случува кај нас е спорадично. генерално треба да сме во ред, но не сме затоа што сметаме дека некои работи треба да работат, а не е така. мноумина бараат да се вратиме на ланските гуми кои беа поконстантни, не сме само ние.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ