Стаинер: Ние едноставно немаме среќа

Тимскиот шеф на Хаас Ф1, Гунтер Стаинер, истакна дека тимот нема среќа откако и двајцата возачи прерано ги завршија квалификациите по сударот на Кевин Магнусен, што воедно го спречи Роман Гросжан да го комплетира својот летечки круг.

Данецот беше во последниот круг од К2 и се обиде да го задржи местото во топ 10, но го допре Ѕидот на Шампиони по што се изврте и удри во бариерите од спротивната страна.

Гросжан во тој момент ја помина последната шикана и мораше да забави поради инцидентот на колегата. Французинот ќе стартува од 15то место.

Се беше добро додека се не тргна на лошо. Ние едноставно немаме среќа тука.

Перформансите на болидот беа подобри од очекуваното во текот на викендот. За жал, Кевин имаше силен судар во К2, а тоа го уништи и кругот на Роман.

Но, како што кажав, ние немаме среќа моментално. Ќе продолжиме да работиме напорно за да се вратиме таму каде што треба да бидеме.

Болидот е брз. Не очекувавме да биде толку брз, бидејќи ова е слаба патека за нас, барем тоа го очекувавме. Оптимисти сме за наредните трки, само треба да имаме малку повеќе среќа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ