Стаинер објасни зошто не го донесе Хулкенберг

Шефот на Хаас, италијанецот Гунтер Стаинер, објасни зошто не му дале понуда на германецот Нико Хулкенберг за наредната тркачка сезона.

Рено одлучија да не му го продолжат договорот на Хулкенберг и тој останува без возачкото место, а долго време беше на радарот на Хаас за колега на Кевин Магнусен пред тимот да открие дека нема да направи промени кај нивните возачи.

Бевме блиску. двајцата се добри возачи и искрено се надевам дека Нико ќе остане во Формула 1. Ми се допаѓа и тој е одличен возач, Но на крајот се одлучивме да останеме со Роман.

ТОј е со тимот четири години и ја познава добро екипата. Најголемата причина е што нашиот болид не е добар оваа година и тоа нема врска со возачите. Ние сме свесни за тоа.

Со промена на возачот нема да го поправиме болидот. Новиот возач нема да знае од каде да почне. Роман знае дека е дел од нешто големо и тој игра голема улога во тоа. Многу ни помогна. За него нема нешто непознато. Тоа беше најголемата причина зошто го задржуваме Роман.

Стаинер изјави дека тој и Џин Хаас се сложни околу одлуката и дека платите на возачите не играле улога во тоа.

На крајот сакам да појаснам, дека се одлучивме за Роман, а не знам дали Нико ќе дојдеше. разговаравме, но немавме официјална понуда. Не знам дали ќе ја прифатеше или не.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ