Стаинер потврди: Рич Енерџи остануват “потпишани“ во Силверстон

Формула 1 тимот на Хаас ќе вози со нормалното брендирање и логоата на главниот спонзор Рич Енерџи на својот болид и облеките за време на Британското Гранд При. Ова е изненадување по твитот од Рич Енерџи дека поради лошите резултати ја прекинуваат соработката со екипата.

Хаас го потпишаа првиот договор за главен спонзор во нивната куса историја со малку познатата британска компанија за производство на енергетски пијалоци на почетокот на оваа тркачка сезона.

Со своја изјава од Англија се јави Гунтер Стаинер кој објасни дека не може да навлекува во она што официјалниот Твитер профил на Рич Енерџи го имаше како објава. Моторхоумот на тимот како и облеката на персоналот сеуште го имаат логото, а Гунтер најави дека истото ќе остане и на болидите.

би сакал да можам да ви кажам повеќе, но не можам и се надевам дека ќе го почитувате тоа. не сакам да ставам никого во незгодна ситуација и поради тоа не зборувам повеќе на таа тема.

логото ќе биде на нашиот болид викендов, а останатите работи треба да ги решиме во иднина за другит етрки.

комерцијалниот договор не ми дозволува да зборувам за тоа и не сакам да ја отежнувам ситуацијта дополнително – објасни стаинер.

Европската база на тимот се наоѓа во Банбери, недалеку од Силверстон, така што ова е втора домашна трка за екипата. Шефот на тимот изјави дека спортот вклучува и вакви ситуации со кои мора да се научи да менаџира.

воопшто не сум вознемирен затоа што мораме да се справиме и со таа работа. следната недела ќе го решиме проблемот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ