Стаинер разочаран: “Тапкаме“ во место од Мелбурн

Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, призна дека неговата екипа речиси и да нема напредок сезонава од првата извозена трка во австралиски Мелбурн во месец Март.

сите знаат дека јас сум тркач и сакам да се тркам, но ова е друго и вакво тркање едноставно ве убива – смета гунтер.

Американците имаа некои силни квалификациски перформанси сезонава, но не знаат како да ги искористат гумтие по што на трка се лесен плен за конкуренцијата. Како резултат на тоа во моментов се на 9то место кај конструкторите со 8 поени заостаток зад Алфа Ромео на седум трки пред крајот на сезоната.

во моментов гумтие ни се најголемата мака, а од пред 2-3 трки добро знаеме каде сме. ќе монтираме нови гуми и тие работат како што треба два круга, а потоа се ладат и перформансите исчезнуваат.

губитокот не е 1-2 десетинки, туку нешто што може да биде и до цела секунда. толку сме на ивицата што не сум сигурен всушност каде сме.

ќе се обидеме да најдеме решение колку што можеме побрзо за да видиме дали и колку можеме да се подобриме до крајот на годината. мислам дека го разбираме проблемот, но не сум сигурен дека ќе го решиме до крајот на сезоната.

темепратурата на патеката прави огромна разлика за нас.

На трките во пресрет на летната пауза тимот експериментираше со аеродинамичките спецификации со цел да го открие проблемот, Кевин Магнусен возеше со најнова верзија од болидот, додека Роман Гросжан со верзијата од првата трка, нешто што Стаинер смета дека било многу корисно за екипата.

промената и возењето со спецификацијата од мелбурн помогна многу за да ја разбереме реалноста и тоа до каде сме и што треба да се направи. болидот од мелбурн е добар како и најноваиот, а тоа значи дека не сме напредувале како што тоа го правеле сите.

ова е прва година од овие правила и мора да се направи некаков напредок, но ние тоа го немаме. таму сме, таков е болидот, исти од мелбурн и слободно можам да кажам дека “тапкаме“ во место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ