Стаинер се сретнал со спонзорите на Кубица во Полска

Полската државна телевизија, TVP, откри дека шефот на Формула 1 тимот на Хаас, Гунтер Стаинер, бил во Варшава неделава и имал состаноци со претставници на главниот спонзор и поддржувач на Роберт Кубица и еден од главните спонзори на Вилијамс, државната нафтена компанија ПКН Орлен.

Кубица најави дека заминува од Гроув на крајот од сезонава, но сеуште не ги објави своите планови, а компанијата ПКН Орлен откри дека сака да остане во Формула 1 и по заминувањето на возачот. Медиумите шпекулираа дека полјаците ќе ги насочат своите средства кон Хаас, а Кубица ќе стане резервист и тест возач на тимот.

разговори со неколку формула 1 тимови се сеуште во тек.

нема ден во кој немам контакт со роберт кубица или разговор со некој тим од гридот – изјави адам бурак, одговорниот за комуникации во пкн орлен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ