Стаинер: Следува тешка одлука за возачите

Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, најави дека на тимот му претсти тешка одлука во однос на возачите и идентификување на следниот колега на Кевин Магнусен.

Екипата годинава е на 9то место во конструкторскиот поредок, Магнусен е под договор за следната година, но сеуште не се знае кој ќе му биде колега. Двајца најсериозни кандидати се актуелниот возач Роман Гросжан како и нико хулкенберг кој минатата недела не ја продолжи соработката со Рено.

не сме во очај, пазарот на возачи не е многу раздвижен годианва, нема многу движење. тешко е да се одлучи што е најдобро да се направи и поради тоа ни треба доста време да решиме што е најдобро за нас.

одлично го знаеме роман, но гледаме и што има направено хулкенберг. се работи за тоа кој повеќе одговара на нашата екипа за да напредуваме – појасни стаинер.

Претходно италијанецот најави дека ќе се сретне со сопственикот на тимот, Џин Хаас, за да одлучат за возачот пред крајот на овој месец.

нема да судиме за роман од трка на трка. секако дека му треба резултат, но знае што му помага на тимот, а што не. се работи за одлука во врска со тоа каде сакаме да ја однесеме екипата во иднина.

одлично го познаваме роман, ги знаеме неговите силни страни, знаеме дека може да има лоши викенди, а следниот пат да биде фантастичен. го познаваме добро, но треба да донесеме одлука која е најдобра за тимот и за иднината.

во моменто сме пред голема и многу значајна одлука и поради тоа ни е потребно време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ