Стаинер: Ф1 избрзува со реакции по добри или лоши трки

Тимскиот шеф на Хаас Ф1, Гунтер Стаинер, смета дека Формула 1 мора да престане да реагира на краток рок во однос на тркањето и наместо тоа да цели да го произведе “највозбудливиот спорт во светот“ во текот на цела сезона.

Откако Ф1 доби огромни критики по досадните трки како во Франција, спортот уживаше во четири последователни трки исполните со возбуда и драма.

Додека шефовите на Ф1 се обидуваат да внесат поголема забава преку правилата за 2021 година, Стаинер предупредува против “избрзани“ реакции кои ги игнорираат клучните проблеми во спортот кои треба да се поправат.

Мора да земеме во предвид дека имаме добри трки и не смееме тоа да го уништиме. Имавме четири добри трки, сеуште треба да ги подобриме, со изедначен грид, бидејќи ова може да биде највозбудлив спорт во светот.

Не смее тоа да го заборавиме бидејќи имавме четири добри трки кои моментално значат се. Не смее да продолжиме да даваме казни, да имаме некој со буџет од милијарда долари и да живееме во фантазија.

Имавме четири добри трки, но секогаш постои ризик да имаме четири лоши и потоа веднаш се жалиме. Избрзано реагираме на сето тоа.

Мислам дека од гледна точка на “големата слика“, четири добри трки се одлични, но сакаме 21 или 22 добри. Јас би се фокусирал на тоа, сите да бидат добри и да работиме кон тоа.

Не треба да се смириме само затоа што сме имале четири добри, а потоа да кажеме “лошо е, што ќе правиме сега“. Мора да ја имаме големата слика во предвид, а тоа е ограничувањето на буџетот, што следува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ