Стаинер: Четири добри трки не ги поправаат “пукнатините“

Формула 1 оди на летна пауза по четири многу добри тркачки викенди, но Гунтер Стаинер смета дека ништо во спортот не е фантастично и покрај одличните трки во последно време.

Оваа сезона не почна добро затоа што имаше неколку многу здодевни трки кои беа цел на жестоки критики, но од Австрија сето тоа се промени. Макс Верстапен на два круга пред крајот го мина Шарл Леклер на Ред Бул Ринг за победа, додека одождот во Силверстон и Хокенхајм донесе многу возбудливи момени на патеката. Пред почетокто на летната пауза беше Хунгароринг која донесе дуел за прво место и победа на Хамилтон откако на три круга пред крајот го мина Верстапен.

Гунтер Стаинер, првиот човек на Хаас, е јасен во своите изјави дека тоа што спортот преживеа четири одлични трки, не треба да значи ништо.

треба да бидеме многу претпазливи поради тоа што иамвме неколку одлични трки и мораме да сфатиме дека тоа не значи ништи. сеуште треба спортот општо и целосно да се подобри, исто како и шоуто, да се изедначат екипите затоа што оваа тркачка серија може да биде највозбудлива во светот, тоа не смее да се заборави.

не дека имавме четири добри и возбудливи трки и сега сме во ред. ризик дека следните четири трки ќе се здодевни и лоши постои, а тогаш ќе се жалиме. поради тоа мораме да бидеме реактивни уште во моментов.

треба да ја гледаме големата слика, да имавме четири возбудливи трки, но сакаме да имаме 21 или 22 возбудливи, онолку колку што има во календарот – јасен е стаинер.

Италијанецот смета дека буџетското ограничување и контролата на трошењето е единствен начин кој ќе донесе помали разлики помеѓу екипите.

мораме да ја гледаме големата слика, а за мене таа е базиарана на ограничување на трошењето. не велам дека тоа веднаш ќе го реши проблемот, но ќе направи чекор во вистинска насока.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ