Стаинер: Џин Хаас нема да се откаже

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, изјави дека тимот нема намера да се откаже од Формула 1 и покрај очајната сезона која ја имаат. Малиот и млад американски тим сеуште не може да ги разбере гумите на Пирели за оваа година.

Покрај проблемите со гумите, тимот има проблем и со главниот спонзор, но согласно последните вести, Рич Енерџи го отпушти својот главен директор и компанијата го промени името во Лајтнинг Волт.

Луѓето кои ја превземаа компанијата ќе ја продолжат соработката со нас. Сакаме да разговараме за иднината во наредните недели. Се согласуваме дека сакаме да продолжиме – најави гунтер.

Покрај тоа Стаинер треба да се справи со неговите возачи кои имаа инцидент во Силверстон. Стаинер изјави дека нема ризик за Џин Хаас да се откаже од тимот.

Џин е во тркањето долги години. Знае што прави и го прави тоа добро. Не сакам да кажам дека е задоволен со ситуацијата. Како би бил? Не можам да го обвинам. Но тој знае дека ние ќе се средиме и се ќе биде во ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ