Стилот на Гасли бил преагресивен за РБ15

Пјер Гасли, возачот на Ред Бул, смета дека за да извади повеќе перформанси од својто болид треба да го смири својот агресивен стил на возење.

Првите неколку трки за французинот во новата екипа не ги донесоа очекувантие резултати, а тој се мачеше да биде барем блиску до Макс Верстапен. Но, во последно време има напредок паралелно со развојот на болидот се подобруваат и неговите резултати и пласмани.

не сум далеку од макс. мислам дека најдов нешто со што сум задоволен, но постојат уште неколку работи кои требба да ги променам и тешко е да кажам уште колку перформанси има во болидот.

чувствувам дека можам повеќе, барем најдов поголема константност, болидот е попредвидлив и мислам дека е подобра база која можам да ја надградувам секој викенд.

среќен сум и задоволен со ова што го имам, но за да најдам уште неколку десетинки ќе треба да промена некои работи кај мене кои повеќе ќе одговараат на болидот.

за изминатите трки со овој болид каде не дојдов до очекуваните реултати, мислам дека перформанси пакетот имаше, но мојот стил на возење беше многу агресивен и не одговараше на болидот – смета гасли.

Промени во балансот на одредени кривини и промена на болидот во средниот дел на кривините се главни карактеристики на РБ15 болидот сезонава, а тоа воопшто не му помага на дебитантот во екипата.

од почетокот на годината се обидуваме да го подобриме балансот и да станеме поконстантни во текот на кривините. сеушт етреба таму да се подобриме, но барем правиме напредок во однос на почетокто од сезоната.

за мене во моментов важно е да се подобри тракцијата затоа што јас менаџирам агресивно со моќта и тоа понекогаш ми се исплати, но понекогаш не. знаеме што се случува со гумите и таму треба да се подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ