Строл: Борбата со Перез ме прави посилен

Ленс Строл изјави дека присуството на Серхио Перез во Рејсинг Поинт е добро за тимот бидејќи верува дека ќе може да го предизвика мексиканецот.

Перез е во тимот од 2014 година и до сега има 5 подиуми со екипата. Минатиот месец Перез потврди дека останува со Рејсинг Поинт уште 3 години.

Строл оваа година го имаше најдобриот резултат за тимот со четврта позиција во Германија. Мексиканецот беше подобар на квалификациите од Строл во сите трки до сега и има освоено 27 поени а Строл 19 поени.

Тој е многу добар возач и има освоено многу поени. Тоа е позитивно за наредните години, бидејќи тој носи поени. Тој беше на подиум 8 пати во неговата кариера. Секогаш е добро да се има некој кој е во најдобра форма. Тој ме тера да дадам 100 проценти и ме прави посилен. Тоа е забавно. Во конкуренцијата и спортот тоа е се.

Перез е единствениот возач кој има договор во иднината на Ф1 до 2022 година.

Ние одиме напред во иднината. Стартот на сезоната не беше како што очекувавме но иднината е возбудлива. Веќе имаме придобивки и тимот се развива.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ