Строл е во серија од 11 квалификации кои ги завршува во К1

Ленс Строл по 11ти пат отпадна уште во првиот квалификациски сегмент на својата домашна трка во Канада и смета дека истото е комбинација од повеќе работи.

По првите седум трки тој освои 6 поени што е еднакво на бројот на поени кои ги освои цела мината сезона возејќи за Вилијамс, но на секоја трка станува подоле од 16то место. Крајот на серијата лоши квалификации за него почна од Амерканското Гранд При лани.

се работи за комбинација од повеќе работи, дефинитивно нешто на што морамд а поработам и да се подобрам. немав ритам и брзина последните неколку тркачки викенди.

на почетокот од сезоната не извршував совршени квалификации и тоа значеше крај за мене уште на почетокот на истите. но, последните неколку викенди едноставно немавме брзина и двата болиди завршуваа во к1. тоа е фокус на подобрување за мене затоа што нашиот ритам на трка изгледа многу посилен. мораме повеќе да се фокусираме.

не се работи за тоа како им пристапуваме на викендите туку се работи за развој на болидот во области кои ќе помогнат на моите квалификации. се работи за комбинавија од повеќе работи – свесен е строл.

Во моментов Рејсинг Поинт се на 6то место кај конструкторите со 19 поени и заостаток од 11 во однос на Мекларен кој се најдобри од останатите.

средината од поредокот е многу густа и секоја десетинка е многу важна. константно се обидуваме да го направиме болидот посилен. веруваме дека се се сведува на тие некоклу десетинки кои ќе ни дадат перформанси да минеме во к2 и к3 понтаму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ